Јазовец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јазовец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Куни
Потсемејство: Melinae
Mellivorinae
Taxidiinae
Родови

 Arctonyx
 Melogale
 Meles
 Mellivora
 Taxidea

Јазовец (Melinae) е заедничко име за три рода кои припаѓаат на семејството Mustelidae: истото семејство на цицачи на коja припаѓаат творовите, ласиците, видрите и некои други останати ѕверови. Постојат осум видови на јазовци, сместени во три потсемејства: Melinae (јазовци во Европа и Азија), Mellivorinae (медојадни јазовци) и Taxideinae (американски јазовец).

Исхрана[уреди | уреди извор]

Јазовецот се храни претежно со мали цицачи кои живеат на земја, па мошне чест плен му се прериските пци, кои ги ископува од подземните брлози. Тие се активни ноќе, а пленот го наоѓаат благодарејќи на добро развиеното сетило за мирис, вид и слух. Благодарејќи на силните предни нозе и канџи, јазовците се добри копачи, а тунелите кои ќе ги ископаат во потрага по плен ги користат и за спиење.

Размножување[уреди | уреди извор]

Живеат самостојно, а во текот на сезоната на парење мажјаците и женките ги зголемуваат своите територии во потрага по партнер. Јазовците се парат во доцно лето или рана есен. Во рана пролет женките ги котат младите, најчесто од 1 до 5, во подземното дувло обложено со трева. Младите се раѓаат слепи и беспомошни, па женките ги хранат, негуваат и штитат уште 5 до 6 недели. Поголемиот дел од зимата го поминуваат мирувајќи, иако кај нив нема вистински зимски сон.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Јазовецот живее во САД, Северно Мексико и во Европа.

Јазовецот како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Јазо и светулките“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[1]
  • „Крадачи“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 16-17.
  2. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 69.